Иако неговата улога и не е таква каква што тој би посакувал во моменталниот тим на Реал Мадрид, според минутажата секако, сепак, Браим Дијаз доби нов договор со „Кралевите“.
Откако истото се случи со неколкумина од ведетите на тимот, ете дојде ред и на Дијаз.
И тој како и неговите претходници ќе остане во Мадрид минимум до 2031 година.
Брахим пристигна во Мадрид во 2019 година од Манчестер Сити, кога имаше 19 години. Во тоа време, кралскиот клуб плати 15 милиони фунти за него со бонуси. Во шесте сезони досега (ур. – Дијаз исто така помина три години на позајмица во Милан) одигра 173 натпревари и освои 7 трофеи: еден во Лигата на шампионите, еден на Светското клупско првенство, еден Суперкуп на Европа, две титули во лигата и два Суперкупа на Шпанија.
✍️🤍⚽
@Brahim https://t.co/gtzQkQUcCV— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) November 27, 2026










