ВМФЛ: Охрид сам си решава дали ќе биде есенски шампион

0
ФОТО:facebook.com/gfkohrid

Денеска со сите мечеви од 13.коло завршува есенскиот дел од тековната 2026/27 сезона во ВМФЛ. За тоа кој ќе биде есенски шампион секако дека лидерот Охрид сам си решава. Имено ако охриѓани денеска слават кај Осогово тогаш нема дилеми, тогаш тие ќе го пречекааат пролетниот дел како лидери. Шанса има и третиот Работнички, ама тоа да се случи ќе треба тимот од Градски парк да победи денеска кај Детонит, да ја победи и Брера следната недела во заостанатиот меч, а притоа Охрид да не победи денеска. Има и вториот Пелистер некои шанси, ама му треба победа денеска кај Еуромилк и Охрид да загуби во Кочани и Работнички една од двете средби да ги загуби. Значи има неколку комбинации, ама Охрид сам си решава.

Интересно е тоа што и Кожуф предводен од Вангел Алтипармаковски може да заврши како четврти. Гевгеличани ќе треба денеска да слават со Македонија ЃП а Камјани да загуби кај Беласица и Брера да не победи во Тетово кај Тетекс.

Во продолжение можете да ги видите сите денешни двојки од 13.коло во ВМФЛ.

ДВОЈКИ ЗА 13.КОЛО – ДЕНЕСКА 13 Ч

Беласица – Камјани

Осогово – Охрид

Новаци – Шкупи

Детонит – Работнички

Кожуф – Македонија ЃП

Тетекс – Брера

Еуромилк – Пелистер

ТАБЕЛА

Охрид 31, Пелистер 28, Работнички (-1) 27, Камјани 20, Брера 18, Кожуф 17, Тетекс 16, Беласица 16, Македонија ЃП 15, Детонит 12, Новаци 11, Осогово 10, Еуромилк 7, Шкупи 0.

ПретходноТиквеш VS Шкендија: Спектакл во Кавадарци за фудбалско уживање!