Навивач го турна Дончиќ, спречен инцидент (ВИДЕО)

0

Непријатен инцидент го одбележа крајот на дуелот меѓу Сан Антонио и Лос Анџелес Лејкерс во НБА-купот. Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ беше турнат од навивач на Спарс додека го напушташе теренот по поразот на својот тим со 99:96.

Инцидентот се случил откако Дончиќ го фрлил својот стегач кон навивачите покрај теренот, но неколку моменти подоцна се вратил да го земе, откако слушнал дека не го сакаат. Еден од гледачите му го подал стегачот, а потоа го турнал по рамото. Веднаш реагирале обезбедувањето и кошаркарот на Лејкерс, Џеред Вандербилт, кој го оддалечил Дончиќ од навивачот.

ПретходноВМФЛ: Охрид сам си решава дали ќе биде есенски шампион