Тиквеш VS Шкендија: Спектакл во Кавадарци за фудбалско уживање!

0

Дербито на 15.коло и дефинитивно се игра во Кавадарци и тоа денеска од 13 часот. Се среќаваат Тиквеш и Шкендија, се среќаваат третопласираниот против второпласираниот тим на табелата. Силите ќе ги одмерат блескавиот Тиквеш против еден од најголемите аспиранти за титулата, Шкендија. Тоа ќе биде и битка за тоа кој ќе биде зад лидерот Струга ТЛ.

Секако дека тоа ќе биде и спектакл, фудбал за уживање. Кавадарци е на нозе, сите сакаат нова победа на својот Тиквеш, по онаа епска победа минатото коло протов Вардар минатото коло, сега на ред е и Шкендија.

Интересно, Тиквеш знае како се победува Шкендија. Тоа најдобро го покажа во 6.коло кога на ФФМ како гостин славеше со 1:3. И од тој меч тетовци не можат да се препознаат, до тој меч тетовци имаат пет од пет, некои велеа веднаш да им се даде титулата, но во фудбалот работите за час се менуваат. Шкендија од тој пораз и тоа како “поткашлува“, а тимот на Оливер Богатинов е маестрален. Има само еден пораз во изминатите 14. коло и тоа дома и тоа од една друга Шкендија, онаа од Арачиново.

Тетовци веруваат дека можат денеска да дојдат до победа кај забревтаниот Тиквеш. Добро знаат дека забележат уште еден кикс, тешко дека можат да се надеваат на тоа крајот од оваа есенска полусезона да завршат како први.

Во секој случај ова ќе биде вистинско, големо дерби. Дуел на две екипи кои играат отворен фудбал, на гол повеќе. Тиквеш си има свои амбици, и ако успее да победи тогаш ќе биде втор и тоа ќе биде нешто фантастично за кавадарчани. Сега е моментот кога моќниот Тиквеш под водство на Оливер Богатинов и тоа како се прашува.

За главен судија на дербито е одреден Фатмир Бафто.

ПретходноВардар го “пере“ само победа кај Арсими!