Јокиќ го однесе Денвер до нова победа, Сан Антонио подобар од Лејкерс

0

Денвер ја продолжи победничката серија во НБА-лигата, совладувајќи ја Јута Џез со 120:107 во рамките на НБА-купот. Никола Јокиќ повторно беше еден од клучните играчи на тимот од Колорадо, завршувајќи го натпреварот со 17 поени, 15 асистенции и девет скока. Најефикасен кај Денвер беше Џамал Мари со 36 поени, додека Кристијан Браун додаде 20.

Јута долго време му парираше на фаворитот, а во поголемиот дел од третата четвртина и во завршниот период имаше резултатска контрола. Сепак, Нагетсите го решија прашањето на победникот во последните пет минути и 40 секунди, кога постигнаа 23 поени, а примија само пет. Денвер го заврши настапот во групата А на Западот со биланс 3-1, но не успеа да обезбеди пласман во следната фаза на НБА-купот.

Њујорк – Мајами 105:108
Детроит – Милвоки 113:98
Индијана – Филаделфија 87:111
Торонто – Бруклин 124:100
Бостон – Атланта 86:87
Минесота – Мемфис 109:114
Феникс – Далас 109:113
Лос Анџелес Клиперс – Њу Орлеанс 104:105
Портланд – Голден Стејт 116:94
Сан Антонио – Лос Анџелес Лејкерс 99:96
Јута – Денвер 107:120

Претходно“Шумарите“ победнички против Челзи