Екипата на Алкалоид го одработи последниот тренинг пред утрешниот реванш натпревар против Горење Велење во рамките на третото коло од ЕХФ Европскиот Куп. Македонскиот тим на првата средба во Скопје славеше со девет гола разлика, па останува да стави печат на пласманот во 1/8 финалето во ова натпреварување.
Натпреварот помеѓу Алкалоид и Горење Велење се игра утре (недела) од 18:00 часот.










