Пелистер им приреди уште една голема радост на своите верни фанови. Во преполната сала „Боро Чурлевски“ славеа против ГРК Охрид со 27-24 во дербито на 12. коло. Со овие бодови битолчани се израмнија со противникот на третото место на табелата, двете екипи имаат по 19 бодови, еден помалку од Алкалоид, три од лидерот Вардар.
Во Битола уште еднаш видовме одлична атмосфера. Ракометарите на Пелистер играа по нотите на своите фанови, кои секогаш знаат како дополнително да ги мотивираат. На крајот дојде и големата победа.










