Пред Карлос Алкараз е еден од најважните денови во животот – го очекува финалето на Дејвис купот. Шпанија денеска со почеток во 15:00 часот, ќе се соочи со Италија во битката за престижниот трофеј, познат како „салатара“.
Алкараз истакна дека доколку има потреба, подготвен е да настапи и во дубл, покрај мечот во поединечна конкуренција.
„Прво треба да видиме како ќе помине мојот меч во сингл. Но, ова е последниот ден од сезоната и веројатно еден од најважните денови во мојот живот. Ако резултатот биде израмнет на 1-1 и биде потребно да играм дубл, доколку се чувствувам подготвен и капитенот смета дека треба да настапам, ќе дадам 100 проценти од себе. Добро е што имаме и квалитетен дубл-пар во состав Педро Мартинез и Марсел Гранољерс“, изјави Алкараз.










