Варадиновски: Скопје со својот квалитет и искуство има капацитет за многу повеќе

1

Екипата на Скопје „живна“ на резултатски и играчки план во финишот на есенската полусезона во ПМФЛ шампионатот.

„Пиратите“ на двете последни средби забележаа две последователни победи, против Арсими и Башкими, стигна до десет бода и повеќе не е последен на табелата.

Овие поволни ветришта на Автокоманда секако дека мора да бидат прокоментирани од страна на шефот на стручниот штаб Иван Варадиновски.

„Уште од самиот мој почеток со работа на „Автокоманда“ и преземањето на Скопје како тим ми беше јасно следново. Дека екипата има огромно искуство, квалитет, капацитет едноставно. Ова се играчи што имаат многу мечеви како на домашна сцена, така и на интернационална, па дури и репрезенативна. Имаат капацитет за многу многу повеќе од оваа наша моментална ситуација. Истата верувам, убеден сум дека ќе биде уште подобра. До крајот на есенскиот дел сакаме да обезбедиме уште некој поситивен резултат, да „врземе“ серија на бодови. Истите ќе ни дадат уште поголема мотивација, сила, за напролет. Скопје има уште многу што да каже сезонава, верувајте“ – вели за СпортСпорт, Иван Варадиновски, тренерот на ФК Скопје.

 

ПретходноСтоле и Валенсија само со домашен бод против Осасуна