Васоски: Со добар финиш на сезоната да фатиме приклучот за четврто место

0

Екипата на Силекс вчера на свој терен успеа со минимални 1:0 да го совлада лидерот на ПМФЛ табелата, тимот на Струга ТЛ. Со голот на Донов, кратовци обезбедија три многу важни бодови, кои што се дополнителен мотив во финишот на сезоната.

„Мислам дека и против Шкендија, и против Струга ТЛ, играчки, а и резултатски заслужено успеавме да излеземе од таа некоја ајде да ја наречеме мини криза. Искрено, истата малку не „раздрма“. Мора да признаам дека оваа полусезона за нас е во најмала рака чудна. Играчки сме добри. Добро играме, но таа игра не ни се валоризира некако. Резултатите не беа тие според она што го играме на терен. Сепак, убеден сум дека ништо не е загубено, напротив. Имаме три мечеви до крај, во смисол да намалиме бодовна разлика, за тоа четврто место со Тиквеш или пак со Вардар. Ќе настојуваме потоа со квалитетни засилувања, добри подготовки и годинава да си обезбедиме излез во Европа, нешто што секако за клуб како Силекс е примарна цел секогаш“ – вели Александар Васоски, тренерот на Силекс, за СпортСпорт.

 

ПретходноЛиверпул и Евертон со реми во Мерсисајд дербито (ВИДЕО)