И дефинитивно Силекс под водство на Александар Васоски полека, но сигурно, се враќа таму каде што му е местото. Два меча во низа со дветте првопласирани екипи и освоени 4 бодови. Прво на гости кај Шкендија беше 1:1, а вчера во дербито победа против Струга ТЛ со 1:0.
По оваа победа секако дека за тренер на колото според “СпортСпорт“ е избран стратегот на кратовци Александар Васоски. Силекс на тешкиот терен во Кратово во една машка, рамноправна битка со најдобриот тим во Македонија во моментов, успеа да слави победа и да освои големи три бода. Имаше многу тактички надмудрувања на Васоски со гостинскиот тренер Бледи Шкемби, а еден потег го реши овој меч.
Се чини дека допрва Силекс на Васоски ќе игра добро, квалитетно и ќе се обиде да фати проклучок со водечките.















