Кипар ја забележа и третата победа во претквалификациите за Европското првенство, откако на гостувањето ја совлада Австрија со 92:84. Со овој триумф Кипар останува со максимален ефект по три одиграни натпревари, додека Австрија ги загуби шансите за пласман во главните квалификации.
Овој резултат не ѝ оди во прилог на Македонија, која во последното коло, на 28 февруари 2027 година, ќе гостува кај Кипар во директна пресметка за првото место во групата. Но, пред тоа, на 25 февруари, избраниците на македонскиот селектор ќе мора на домашен терен да ја совладаат Австрија, а потоа да направат вистински подвиг на гостувањето кај Кипар – да победат со најмалку десет поени разлика.










