Роденденска победа на Тренчовски

1
фото: NK Olimpija Ljubljana (FB)

Екипата на Олимпија на чело со македонскиот селектор Југослав Тренчовски денеска обезбеди минимална но заслужена победа од 0:1 на гостувањетолак Гросупље.

За Тренчовски ова секако е убав момент со оглед на фактот што искусниот стратег денеска слави роденден.

Неговите избраници на најубав можен начин му го честитаа истиот со три бода и победа на незгоден терен.

Олимпија е во „жива“ трка за титулата во шампионатот на Словенинја. По 17. кола е на третата позиција со 29 бодови, бод помалку од Марибор, и три од лидерот Копер.

 

ПретходноДобар Тотенхем, Њукасл добитен кај Брајтон