Италијанската влада со одлука: Должниците од Серија А ќе ги враќаат парите на 60 рати

193

Италијанската влада одлучи да ги одложи даночните плаќања за спортските организации, вклучувајќи го и фудбалот. Според Calciomercato, станува збор за сума од 889 милиони евра, од кои 500 милиони се за тимовите од Серија А.

Владата на Италија донесе амандман со кој ќе се овозможи распределба на долгот во текот на неколку години. Клубовите можат да ја поделат целата сума на 60 плаќања со даночна стапка од 3%. Сепак, првите три транши мора да се платат до 29 декември 2022 година, а потоа да се вршат трансакции на месечна основа. Прекршувањето на утврдените рокови може да доведе до пропаѓање на целиот договор.

ПретходноОПСЕСИЈА: Аргентина ќе го става ликот на Меси на банкнота од 1000 пезоси
СледноОдом: Ја измамив смртта со чудо