Гремио ќе биде новиот клуб на Луис Суарез

461

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез , по завршувањето на Светското првенство, на кое неговата репрезентација не ја мина групата, продолжува да бара нов клуб. И покрај пишувањата во медиумите дека играчот ќе ја продолжи кариерата во МЛС лигата, еден од тимовите кои навистина се трудат да го добијат е бразилски Гремио.

„Ќе разговараме со претставникот на Луис Суарез. Иако неколку пати беше објавено во медиумите дека веќе сме се сретнале, нашиот финален разговор сè уште не беше одржан. Она што се случи беа некои индикации. Оваа недела ќе биде нашата финална средба“, изјавил претставник на Гремио.

Последниот клуб на Суарез беше уругвајскиот Национал, во кој Луис стана шампион на земјата.

ПретходноМанчестер Ј. подобар од Барнли, Чурлинов пропушти одлична шанса да погоди на „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)
СледноБУМ: Реал со една милијарда евра тргнува по Мбапе!