Барселона се откажа од Меси!

293

Откако го освои Светското првенствп со Аргентина и стана најдобар фудбалер на сите времиња, Лионел Меси ќе го продолжи договорот со ПСЖ, пишува шпанскиот весник „Мундо Депортиво“. Наводно, челниците на францускиот клуб се договориле со Меси за продолжување на договорот, а тој треба да го потпише во следните неколку недели. Не е одлучено колку 35-годишниот Меси ќе остане во клубот ниту колкава ќе му биде платата.

Шпанскиот весник пишува и дека ситуацијата околу продолжувањето на договорот на Меси била многу јасна што се однесува до конкуренцијата. Наводно за негово доаѓање била заинтересирана само Барселона, но остана само на тоа. Но, челниците на каталонскиот клуб не се обиделе да влезат во нови преговори со Меси, кој сепак ја напушти Барселона бидејќи беше прескап.

Меси речиси целата своја кариера ја мина во Барселона, од која минатата година во слободен трансфер замина во ПСЖ. За францускиот клуб одигра 53 натпревари, постигна 23 гола и забележа 29 асистенции. Минатата сезона го освои францускиот шампионат.

ПретходноПроблем за Србија пред Светското првенство: Екс-голманот на Вардар во трка со времето!
СледноОнана нема да игра повеќе за Камерун