Екс – селекторот на Бразил, Тите, деновиве имал непријатност во Рио де Жанеиро. Имено арамии сре бел ден на улица во еден елитен кварт на Рио, го нападнале и ми го земале златтниот ланец. Според очевидците на настанот причината била неуспехот на Бразил на СП во Катар, тоа и му го напоменале на несреќниот Тите, кој сега остана и без функција, но и без златен ланец.
Оваа вест ја пренесе О Глобо, но од страна на полицијата се вели дека тие за таков настан не знаат, по се изгледа дека Тите не го пријавил случајот.