Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Јаник Фереира Караско, може да го напушти клубот за време на зимскиот преоден рок. „Јорганџиите“ размислуваат за продажба на фудбалерот за да го стабилизираат буџетот, пренесува „Марка“.
Според изворот, дефицитот на приходите на клубот поради не можноста да играат во Лигата на шампионите во нокаут-фазата ќе го испразни буџетот на клубот за 30-40 милиони евра. Атлетико најверојатно нема да бара 60 милиони евра за Караско, кои се регистрирани во неговиот договор како обештетување. Од клубот се подготвени да го пуштат Белгиецот и за 40 милиони евра.
Караско наводно во моментов има контакт со два англиски премиерлигаши, Њукасл и Тотенхем.