Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери има намера да му ја исполни желбата на голманот на аргентинската репрезентација, Емилијано Мартинез да ја напушти Астон Вила. Менаџерот на премиерлигашот од Бирмингем смета дека аргентинскиот голман не треба да остане на „Вила Парк“ по сите испади кои ги направи при прославата на освојувањето на светскиот шампионат.
Непристојниот гест со „Златната ракавица“ при прогласувањето на најдобриот голман на Светското првенство, повикувајќи на едноминутно молчење за поразениот француски репрезентативец Килијан Мбапе и носењето кукла со неговиот лик за време на парадата во Буенос Аирес, го направи Мартинез вистински омразен меѓу навивачите.
Според британските медиуми, Емери рекол дека останувањето на Мартинез ќе му наштети на клубот и на атмосферата во соблекувалната. Се проценува дека Астон Вила би можела да побара отштета од 25 до 30 милиони евра за негова продажба.