Барди: Среќни сме за победата, нема да се откажеме од битката за врвот!

290

Трабзонспор го доби дербито против Фенербахче со 2-0 во рамките на 15. коло во турскиот шампионат. Енис Барди влезе во 76 минута при водство од 1:0, додека пак Алиоски не беше во составот на другата страна.

И покрај поразот Фенербахче остана лидер на табелата со 29 бода, но Галата може да му го преземе лидерството ако победи на денеска. Трабзон е четврти на табелата, но тоа пак не значи дека ќе се предаде за да стигне до врвот, ова го најави македонскиот репрезентативец по победата.

„Многу сме среќни што го добивме овој меч. Се трудиме да победиме на секој натпревар. Дополнително сме среќни што победивме на ваков важен дуел. Се бориме за секој натпревар. Знаеме дека ќе биде тешко во борбата за шампионската титула. Но, бидете сигурни дека ќе се бориме за врвот“, изјави македонскиот репрезентативец, Енис Барди.

ПретходноТони Крос пресече и донесе една од најтешките одлуки во животот
СледноФилип Лазаров го продолжи договорот со Интерактив!