Проблем за Јокиќ и Денвер, останаа без важен играч!

132

Никола Јокиќ со Денвер го освои првото место на Запад со резултат 20-11, а потоа доби лоши вести. Џеф Грин се повреди и ќе отсуствува извесно време. Според првите проценки, тој ќе отсуствува најмалку еден месец, а тогаш тимот ја подобри формата и почна да игра многу подобро.

Како што пренесуваат американските медиуми, Грин на натпреварот против Портланд се здобил со повреда на прстот и скршеница на левата рака. Информацијата ја потврдија од клубот и наведоа дека новите прегледи ќе се направат за четири недели. Тоа значи дека Денвер ќе мора да најде решение, или во тимот или да го активира пазарот и или да донесе слободен агент или да направи трејд.

Грин има просек од 7,5 поени, 2,8 скока и 1,1 асистенции по натпревар, но неговиот придонес во одбраната е многу поголем отколку што покажува статистиката.

ПретходноХаос во Египет: Се сруши трибина, има и повредени (ВИДЕО)
СледноФОТО-ВЕСТ: Можев ли подобро?