Зарем е можно: Аргентинец на клупата на Бразил!?

406

По отказот кој го доби Тите, поради неуспехот на СП во Катар, Бразил сеуште нема назначено нов селектор. Се споменуваа неколку познати имиња како Гвардиоа, Анчелоти, Луис Енрике, Мурињо, но се чини ништо од тоа, па така според медиумите во Италија, лесно би можело да се случи најтешката тренерска работа во светот да ја добие Аргентинец. Имало двајца кандидати, а тие се Маурицио Покетино и Марсело Бијелса, а и двајцата се Аргентинци.

Како ли на ова ќе реагираат фановите во Бразил останува да се види, ако се знае за вечното ривалство меѓу овие две фудбалски нации, се разбира и ако Покетино или Бијелса ја добијат довербата.

ПретходноАндреј Кировски завршува со Работнички
СледноДемири си заминува од Чаир