Барса нема да ги притиска Де Јонг и Тер Штеген да потпишат нови договори

217

Во обид да ја задржат добрата атмосфера во тимот, првите луѓе на Барселона решиле да не ги притскаат фудбалерите чии договори завршуваат на лето, со потпишување на нови. Барселона се чини повеќе нема да се обидува повторно да преговара за договорот на Френки де Јонг, кој беше принуден да ја намали платата или да замине во текот на летото.

Барса сака да постигне добри резултати заедно со Френки и Марк-Андре тер Штеген. Стратегијата за објавување јавни извештаи за тоа какви неблагодарни фудбалери играат во клубот и обидите да се свртат навивачите против двајцата беше крајно неуспешна. Посебно во однос на Холанѓанецот, кој веднаш одби да замине и ги одби сите понуди за намалување на платата. Сега Барселона развива поинаков систем.

На спортскиот терен отсекогаш се сметале за лоши манири, оние кои ги користат медиумите и социјалните мрежи како елементи на притисок. На крајот на краиштата, на овој начин играчите ги дознаваат вестите не од клубот, што го доживуваат како непочитување. Во последните месеци, клубот почна да посветува повеќе време на спортските терени, наместо да ги разоткрива играчите по социјални медиуми.

Барса ќе ги испочитува договорите кои Френки де Јонг и Тер Штеген кои ги потпишаа под водство на Бартомеу. Дефинитивно нема да се случи нова рунда барања за намалување на платите.

ПретходноЕмбид и Харден ја замолкнаа „Медисон Сквер Гарден“ (ВИДЕО)
СледноФеникс 2010 во едно полувреме го уништи Гостивар (ФОТО)