Со фантастична последната четвртина, Филаделфија славеше во „Медисон Сквер Гарден“ против Њујорк Никс во првиот божиќен дуел вечерва во НБА лигата. Гостите славеа со 119:112 и сега имаат скор од 20 победи и 12 порази.
Најдобар поединец беше Џоел Ембид со 35 поени и 8 скока, а Џејмс Харден реализираше 29 поени со 4 скока, 13 асистенции и 4 украдени топки.
Џулиус Рендл ги предводеше Никс со 35 поени, 8 скока и 4 асистенции,додека Џејлен Брансон постигна 23 поени.