Феникс 2010 во едно полувреме го уништи Гостивар (ФОТО)

223

Доминантно и убедливо. Феникс 2010 славеше вечерва на домашен терен против екипата на Гостивар со 84:66 и ја оствари шестата сезонска победа. Откако во последните 5 меча скопјни имаа само една победа, вечерва практично во 20 минути дојдоа до победа над Гостивар во мечот кој требаше да биде дерби.

Феникс 2010 одигра брилијантно прво полувреме и успеа да направи разлика од 31 поен кој јасно стави до знаење дека гостиварци немаат шанси на овој меч. Во вториот дел гостите се потрудија само малку да ја ублажат негативата иако на крајот Феникс 2010 обезбеди висока победа.

Кај домашните Трајковски и Такер постигнаа по 20 поени, додека кај Гостивар најефикасни беа Корсантија и Димитриевски со по 13 поени.

За гостиварци ова беше трет сезонски пораз.

ПретходноБарса нема да ги притиска Де Јонг и Тер Штеген да потпишат нови договори
СледноЛука како каубоj дојде на божиќното дерби против Леброн (ВИДЕО)