Каква чест за Германецот: Погледнете го Новицки од седум метри (ВИДЕО)

188

На Божиќ, со „помош“ на Дирк Новицки, „Маверикс“ му покажаа на светот колку го ценат својот омилен Германец.

Легендарниот Новицки доби статуа пред „Американ Ерлајнс Центарот“, па доколку го посетите домот на Далас Маверикс, пред него ќе ве чека седумметарскиот Дирк Новицки.

Самиот Дирк ја откри статуата која е украсена со натписот „Лојалноста никогаш не исчезнува“. Новицки помина 21 сезона во Маверикс, држи бројни рекорди во тимот од Далас, а оваа година беше номиниран за влез во Куќата на славните.

ПретходноПоранешен соиграч му ги смени плановите на Зидан?
СледноЏорџина му подари Ролс Ројс на Роналдо