Европската куќа на фудбалот УЕФА стави крај на шпекулациите за финалето на ЕУРО и потврди дека истото ќе се игра во Лондон.
Се појави информација дека УЕФА се заканува да го премести финалниот меч, поради строгите ковид протоколи во Обединетото Кралство, и дека истото ќе го премести во Будимпешта.
Сепак, од УЕФА засега не планираат поместување на финалниот меч.