Бенфика одбила 100 милиони евра од Ливерпул за Енцо Фернандез?

172

Според португалскиот новинар Педро Алмеида, англискиот клуб Ливерпул понудил 100 милиони евра за 21-годишниот играч од средниот ред Енцо Фернандез, но бил одбиен од Бенфика.

Португалците најавија дека ќе го пуштат Фернандез да замине на „Енфилд“, но само доколку биде платена ослободителната клаузула во неговиот договор.

Претходно беше објавено дека истата изнесува 120 милиони евра. Имаше информации за подготвеноста на Манчестер Јунајтед и Ливерпул да ја платат, но засега нема конкретна акција.

На последното Светско првенство Фернандез беше прогласен за најдобар млад играч откако Аргентина триумфираше со Купот.

ПретходноПет тренери на листата на можни наследници на Анчелоти во Реал
СледноТотенхем се врати од сигурен пораз и извлече реми против Брентфорд (ВИДЕО)