Американката Микаела Шифрин е победничка во велеслаломот кој денеска се возеше во Земеринг. Шифрин стигна до својата 78. победа во Светскиот куп со време 2:07.18, пред словачката скијачка Петра Влхова со 13 стотинки заостанување (2:07.31), а трета заврши Италијанката Марта Басино со 31 стотинка побавно време од победничката (2:07.49) .
Шифрин беше најбрза и на првата трка. По денешната победа Шифрин и понатаму води во генералниот пласман со 675 бодови, втора е Италијанката Софија Гоџа со 470 бодови, а трета Влхова со 420 бодови.
Американската скијачка со оваа четврта сезонска победа се доближи до сонародничката Линдзи Вон и нејзиниот рекорд по бројот на победи (82) во Светскиот куп, но и апсолутниот рекорд кој го држи шведскиот скијач Ингемар Стенмарк (86).