Кадетската ракометна репрезентација на Македонија тргна со победа на „Шпаркасе Куп“ турнирот кој почна денеска во германскиот град Мерциг. Во првиот настап момците на Раде Стојановиќ славеа со 25:23 над селекцијата на Австрија.
Белистојаноски постигна девет, додека Стојановски имаше шест гола и беа најефикасните во нашиот состав на премиерата на силниот турнир. Добар настап имаше и Узунчев со 4 погодока.
Веќе утре нашата селекција ја чекаат два меча. Најпрво од 11:20 играме со Германија, а попладнето од 16:40 против Холандија