Демба Ба потпиша за клуб од Швајцарија

1363

Сенегалскиот напаѓач Демба Ба по напуштањето на турскиот клуб Башакшехир ќе ја продолжи кариерата во Швајцарија. Неговиот нов клуб е трикратниот швајцарски шампион Лугано со кого потпиша договор на една сезона.

36-годишниот Сенегалец, роден во Франција, играше во врвни европски клубови, белгиски Мускрон, германски Хофенхајм, англиските Вест Хем, Њукасл, Челзи, турските Бешикташ, Гезтепе, Башакшехир и кинески Шангај Шенхуа. Има 150 голови во најсилните европски лиги. Со Бешикташ и Башакшехир беше шампион на Турција.

ПретходноСаутгејт: Не сторивме доволно за да ги победиме Шкотланѓаните
СледноБукурешт вечно ќе не памети, Македонците испиле 3 цистерни пиво!