Амбициозно од Хау: Нема да кажам дека Њукасл не може до титулата во Премиерлигата!

136

Еди Хау е еден од најзаслужните за фантастичните резултати сезонава на Њукасл. Тимот кој лани речиси едвај се спаси од испаѓање во Премерлигата, во оваа игра одлично па така тренерот Хау е ноиот херој на армијата фанови на “црно – белите“. Во моментов тимот од „Сент Џејмс Парк“ се наоѓа на третото место, веднаш зад Арсенал и Манчестер Сити.

На прашањето дали може оваа сезона неговиот тим да стигне до титулата, Хау одговори:

Нема да кажам дека Њукасл оваа сезона не може до титулата. Имавме одличен старт, затоа мораме да го земеме в предвид фактот дека можеме да останеме при врвот на табелата. Тоа што нашите фанови веруваат во големи нешта не гледам дека тоа е проблем за нас“ истакна стратегот на Њукасл.

Претходно“Казнетиот“ Рашфорд за триумф на Јунајтед!(ВИДЕО)
СледноЛудо градско дерби на “Камп Ноу“: Битката за Барселона без победник! (ВИДЕО)