2022 на клупски план: Титулата се врати на Чаир по две децении, Купот за “лавовите“ а Струга ТЛ есенски шампион!

250

Мак – фудбалот, кога сме кај оној клупскиот, беше интересен. И тоа во ПМФЛ, па во ВМФЛ и секако во Купот на Македонија.

Шкупи или Шкендија? Тоа беше прашањето над прашањата. Сепак Скопје го победи Тетово. По цели две децении титулата се врати на Чаир, заслужено. Тренерот Гоце Седлоски беше клучната алка која недостигаше, и со него конечно шампионска радост. Невидена еуфорија на Чаир, церемонијата на доделувањето на пехарот беше за никаде од толкава радост.

Штета, се можеше да биде поинаку. Вака останува само титулата да се памети.

Купот на Македонија за Македонија ЃП. Во финалето по изведување на пеналите го победи Силекс. Голманот Стевковски беше херојот на “лавовите“.

No photo description available.

Пехарот замина за Ѓорче.

Во есенскиот дел од сезоната 2022/23 се беше во знакот на Струга ТЛ. На стартот рекордни осум победи од осум натпревари. Следуваше мал пад за да во финишот четата на Срѓан Захариевски успеа да дојде до историски успех, до есенската круна.

May be an image of 8 people, people standing and outdoors

Жестоко ќе биде напролет, Струга ТЛ, Шкупи и Шкендија. Три желби и само еден пехар.

Супер интересно беше и во ВМФЛ на западот. Во пролетниот дел од сезоната се „тепаа“ Силекс, Воска и Вардар, а победник беше тимот од Кратово за пласман во ПМФЛ. Воска играше во баражот и во него беше „торпедирана“ од Тиквеш, а Вардар пак испадна со куси ракави.

Во новата сезона во есенскиот дел, сега имавме единствена Втора лига. Гостивар, Вардар, па пак Воска, Пелистер…

Вардар пак не заврши како прв, Гостивар е есенски првак, а Вардар го чека долга и тешка пролет. Воска си има свои амбиции, а Пелистер ќе чека кикс на тие што се пред него.

Секако, не смееме да заборавиме и на настапите на нашите екипи во Европа. Шкупи имаше златна шанса да се пласира во групната фаза во ЛК, но заради своите киксови од секаков аспект не успеа. Ќе се памтетат оние 2:2 на “Максимир“ против Динамо Загреб. Ќе се памети и пенал – серијата на Шкендија со АИК и болната елиминација без пораз на тетовци од Европа.

За А. Пандев и Македонија ЃП со порази и елиминација на стартот, автоматски.

ПретходноЛудо градско дерби на “Камп Ноу“: Битката за Барселона без победник! (ВИДЕО)
СледноНеверојатна година: Меси ја заврши 2022-та како најплатен светски спортист!