Кристијано Роналдо заврши со играње на елитен фудбал. Тој се пресели во С. Арабија каде ќе игра за Ал Наср. Со тоа се чини дека завршува епската “војна“ меѓу него и Лео Меси. Ривалство кое трае веќе 15 години и повеќе.
Сепак, на задоволство на фудбалските фанови, следува мега – дуел, веројатно за последен пат и тоа во Ријад.
Имено закажана е пријателска средба меѓу ПСЖ и комбиниран тим на Ал Наср и Ал Хилал.
Се разбира дека ќе игра Роналдо за Арапите, а секако дека Меси па и Мбапе и Нејмар, нема да го пропуштат овој спектакл.