Откриена e тајната клаузула: Роналдо би можел да игра во Лигата на шампиони!

1648

Кристијано Роналдо во продолжение на сезоната ќе го носи дресот на Ал-Наср. Португалецот иако најавуваше дека сака да игра во Лигата на шампиони, сепак оваа желба засега нема да му се исполни.

Но, ова не значи дека нема да го стори следната сезона. Според некои медиуми, Роналдо и раководството на Алн-Наср имаат тајна клаузула во договорот, истата вели дека Португалецот може да го облече дресот на Њукасл.

Овој услов може да се исполни само доколку премиер-лигашот обезбеди место во Лигата на шампиони.

Ова не е сосема нереално. Њукасл моментално е трет со два бода повеќе и натпревар помалку од четвртопласираниот Манчестер Јунајтед.

ПретходноКонте искрен: Ние не можеме подобро од четвртото место!
Следно„Лавовите“од утре во Хрватска, ќе настапат на престижниот турнир „Арена Куп 2023“ во Медулин!