Она што се најавуваше во изминатите денови од денеска е и официјално. Дејан Ловрен, одличниот дефанзивец на репрезентацијата на Хрватска и досегашен член на Зенит од Санкт Петербург, и официјално е ново име во Лион. Клуб кој важи за еден од најголемите во Франција.
Ова всушност е враќање на Ловрен во Лион, тој таму играше од 2010 до 2013 година кога за 9 милиони евра го купи од Динамо Загреб.
Според руските медиуми, Лион сега за Ловрен платил отштета од 2 милиони евра.
🔴🔵 Vous pensiez vraiment qu’on allait vous laisser sans carte de vœux ? ✨
Notre nouveau joueur vient tout juste de s’en occuper ! 🖊#LOVREN2025 pic.twitter.com/EpQk4Q8JU3
— Olympique Lyonnais (@OL) January 2, 2023