Пионерите на ФК Академија Постолов – Пандев, деновиве учествуваат на силен меѓународен турнир во Дубаи (ОАЕ). Со пионерите се и тренерите Борче Постолов и Мартин Алаѓозовски. Ова е уште една потврда за успешната работа на ФК Академија Постолов – Пандев кој во изминатите години постојани гостува на вакви меѓународни турнири.
Инаку како што велат од клубот, кој е под ФК Академија Пандев, за гостувањето на младите фудбалерчиња во Обединетите Арапски Емирати, најзаслужен е Горан Пандев кој со своите контакти и својата менаџерска агенција им овозможил да настапат на турнирот.
Секако дека ова ќе биде уште едно големо искуство за нив, а тие се надеваат дека достојно ќе ја презентирата фудбалска Македонија.