Тони Мичковски и Грегори Давков се првите зимски засилувања во таборот на Кожуф. Амбициозниот второлигаш од Гевгелија и официјално ги ангажираше двајцата сега веќе екс – играчи на Саса и со тоа успеа да го засили составот на стратегот Трајче Сенев. Инаку Мичковски игра на позицијата последен играч за врска, иако може добро да одигра и во дефанзивата, додека Давков е лев бек.
Како што велат од таборот на гевгелиачни, во деновите што претстојат ќе има уште некои новитети се со цел да му се овозможи на Сенев и неговиот стручен штаб да има квалитетен тим кој би можел да ги оствари клупските амбиции напролет во ВМФЛ.