ГОРДО СЕ НОСЕА СО СИТЕ ПОБЕДИ И ПОРАЗИ: Македонија и РФМ им се поклонија на Кире, Столе, Миркуловски, Борко…(ВИДЕО)

676

Со години, секој на свој начин остави белег во националниот дрес. Секој од овие момци не жалеа што пропуштија важни моменти со своите семејства, не жалеа за удари, не жалеа за ниту една секунда претставувајќи ја својата земја. Гордо со носеа во сите победи и во сите порази, го отворија патот кон големите натпреварувања на македонската јавност и овозможија уникатна можност – секоја година да ја гледаат својата татковина на Светските и Европските првенства.

Сите овие момци кои се најдоа во тимот на легендитите заслужуваат поклон до земја, дел од нив и натаму вложуваат во македонскиот ракомет, нивната желба е единствена – Македонија да продолжи да учествува на големите натпреварувања.

Кире, Борко, Столе, Миркуловски, Диви, Јоновски, Филип Лазаров, Наумче Мојсовски, Таста, Митков, Стојановски, Митко Стоилов, Димовски, Ѓоргоновски, Затко Мосјовски, Ангеловски…

Последни на националниот дрес му кажаа зборгум Кирил Лазаров, кој остана како селектор, Миркуловски, кој се врати да помогне токму за обезбедување на виза за мундијалот, како и Стојанче Стоилов.

Во СЦ „Борис Трајковски“ беа и двајцата тренери на клупата Илија Темелковски и Звонко Шундовски.

На сите нив РФМ им додели специјални врамени дресови.

ЅВЕЗДИ: 

Голмани – Борко Ристовски, Петар Ангелов, Златко Даскалоски

Леви крила – Стевче Алушовски, Владо Недановски, Гоце Макалоски

Десни крила – Златко Мојсоски, Александар Јовиќ

Леви бекови – Раде Стојановиќ, Филип Лазаров, Мите Стоилов, Велко Маркоски, Ацо Јоноски

Средни бекови – Филип Миркуловски, Наумче Мојсовски, Бранко Ангеловски

Десни бекови – Кирил Лазаров, Влатко Митков

Пикери – Стојанче Стоилов, Ванчо Димовски, Горан Ѓоргоновски

Благодарница за „Фалангата“ од РФМ

РФМ не ги заборави ниту оние кои со години не жалат за средства, ниту пак километри за да ги бодрат ракометарите на секое големо натпреварување. На лидерите на „Фалангата“, Шиц и чичко Климе им додели благодарница.
ПретходноБрегалница главниот дел од подготовките ќе ги одработи во Охрид, закажани се повеќе „тестови“
СледноТомовски му фати зицер на Лазаров, па селекторот за “казна“ побара голманот да биде заменет!