Искусниот Мите Цикарски нема да биде дел од тимот на Академија Пандев на пролет. Левоногиот бек заминува од Струмица во рамките на ремонтот на тимот кој на хартија изгледаше како фаворит но во пракса резултатите беа далеку од очекуваните.
Договорот на Цикарски истече, нов нема да биде потпишан, па некогашниот македонски репрезентативец, напролет ќе има нова средина.
Тој има богато интернационално искуство, од Грција, Кипар, Романија, Бугарија, а в домашниот шампионат со успех настапуваше и за екипите на Вардар односно Работнички.