Серијата на луди партии во НБА-лига продолжува – Грчкиот ѕвер постави рекорд (ВИДЕО)

180

Јанис Адетокумбо се приклучи на серијата на феноменални партии во НБА во последните денови. Грчкиот ѕвер постигна 55 поени, 10 скока и седум асистенции во победата на Милвоки над Вашингтон од 123:113. Двократниот МВП постави рекорд во кариерата 20 од 33 поени од поле и 15 од 16 слободни фрлања.

Тоа беше четвртти натпревар со 50+ поени во НБА во последните четири дена, а 14-ти во сезоната, откако Донован Мичел ден претходно го имаше еден од најдобрите настапи во историјата на НБА-лига со 71 поен, а Клеј Томпсон постигна 54 со 10. тројки, додека претходно Лука Дончиќ постигна 51 само неколку дена откако експлодираше со 60 поени. За споредба, во целата последна сезона имаше 19 такви натпревари.

Бостон има примено повеќе поени само еднаш во 77 години, синоќа го претрпе најтешкиот пораз сезонава во Оклахома Сити, каде слабите Тандер постигнаа дури 150 поени во победа од 150:117. На последнта средба Јута го совлада Сакраменто со 115-117.

ПретходноПике ја прекинува пензијата и се враќа на терен?
СледноЛазаров: Се надевам дека овие млади ракометари ќе бидат подобри и од нас!