Светот е во очекување на дебито на Роналдо во дресот на Ал Наср. Португалецот би требало да заигра утре против Ал Тае, но според “Дејли Мејл“ тој е под суспензија уште од времето кога играше за Манчестер Јунајтед, поради инцидентот со еден фан на Евертон поради телефонот.
Таа суспензија важела и за било кој клуб ќе игра Португалецот. Ако ова е вистина тогаш Роналдо ќе ги пропушти двата наредни меча за својот нов и ќе дебитира на 21 јануари и тоа против Ал Етифак, тим за кој настапува нашиот Дарко Велковски.