Блинд го засили Баерн: Гладот за трофеи беше клучен да дојдам во овој тим

145

Холандскиот репрезентативец Дејли Блинд како слободен фудбалер му се приклучи на Баерн Минхен. Тој го напушти Ајакс и се пресели во Бундес лигата, во најтрофејниот клуб и актуелен шампион на Германија.

Едвај чекам да играм. Пред нас е најважниот дел од сезоната, се решава за титулите, а клуб како Баерн атакува на трофеи. Токму гладот за трофеи беше клучен да го одберам овој тим“, изјави Блинд.

Договорот на искусниот холандски бек е до крајот на сезоната.

ПретходноСити ги однесе бодовите од „Стемфорд Бриџ“, а Пулишиќ и Стерлинг се придодадоа на листата на повредени кај Челзи (видео)
СледноЕкс-англиски репрезентативец на голот на Манчестер Јунајтед