Во египетскиот шампионат се одигра мечот меѓу Замалек и Ел Дахлеја кој заврши со резултат 1:1. Една комична ситуација се случи за време на дуелот кога Самсон Акинјола се обиде да дојде до топката, а од позади стартуваше противничкиот голман кој ја исфрли топката со тупаница.
На тоа соиграчите му се стрчаа на Акинјола викајќи му дека требало да падне на тревата и да глуми повреда за да му свирнат пенал. Тој остана „чесен“ и ги истрпи критиките.
The Zamalek players telling Samson to fall to get a penalty 😂pic.twitter.com/KnOJc7ENK3
— Omar Selim 🇪🇬 (@OmarAhlyMasr) January 6, 2023