Moнца со гол во 93. минута освои бод против Интер (видео)

273

Екипата на Интер одигра само 2:2 на гостувањето кај Монца и со тоа направи чекор назад во трката по првото место на табелата во Серија А. „Нероаѕурите“ беа пред победа затоа што до 93 минута водеа со 2:1, а потоа ги „олади“ Калдирола.

Во првото полувреме паднаа три гола. Матео Дармијан во 10. Минута го доведе Интер во предност, а една минута подоцна изедначи Куриа. Во 22 минута Лаутаро Мартинез пак носи предност на „нероаѕурите“. Во последните моменти од мечот Калдирола постигна гол и донесе бод за Монца.

Така Интер се оддалечи од врвот на табелата на седум бода. Воедно и си го расипа добриот настап и победата над Наполи во минатото коло.
Монца е на 14. Место со 18 бодови.

ПретходноМенхенгладбах не го пушти Зомер во Баерн
СледноЛиверпул и Вулвс ремизираа, гол на Дарвин, глупост на Алисон, деби на Гакпо…