Поранешен камерунски репрезентативец почина на 40 години од срцев удар

249

Поранешниот репрезентативец на Камерун Модесте Мбами починал на 40 годишна возраст како последица на срцев удар. Мбами ја почна кариерата во Франција, играше за Седан, потоа за ПСЖ, па Марсеј, потоа во шпанска Алмерија и во уште неколку други клубови како кинески Далијан, потоа Ал Итихад од Саудиска Арабија, Милонариос од Боливија, а ја заврши кариерата во 2015 година во Ле Авр.

За камерунскиот национален тим одигра 37 меча и постигна три гола. Беше дел од олимписката селекција која го освои златото на ОИ во 2000 година во Сиднеј, потоа играше на Купот на конфедерациите во 2003 и Африканскиот куп на нациите 2004 година. Во 2019 година одби да работи како тренер во камерунскиот национален тим.

 

ПретходноЛиверпул и Вулвс ремизираа, гол на Дарвин, глупост на Алисон, деби на Гакпо…
СледноНов трипл-дабл на Дончиќ, историски пораз за актуелниот првак (ВИДЕО)