Американката Микаела Шифрин е победник на денешниот женски велесламом од светскиот Куп одржан во словенечката Крањска Гора.
Таа на супериорен начин успеа да слави пред италијанката Федерика Брињоне, додека трета беше Лара Гут Бехрами од Шајцарија. Конечниот резултат на Шифрин беше 1.52.53, и беше подбра од Брињоне за 0.77 стотинки.
Ова беше 82. победа на Микаела Шифрин во нејзината кариера со што е во самиот врв на светкото скијање на сите времиња.