Антиќ на мета: Не биди Перо навивај за МЗТ!

2301

Перо Антиќ, првиот човек на КФСМ денеска дојде да го проследи мечот меѓу МЗТ Скопје и Црвена Звезда во рамките на АБА-лига. Тој во Аеродром не беше пријатно дочекан, секако од страна на навивачите на актуелниот македонски првак.

Откако на 3. овој месец во СЦ „Борис Трајковски“ се појави во блузон Црвена Звезда за време на ревијалниот меч меѓу актуелната македонска ракометна репрезентација и ветерените на Македонија, се најде на удар.

Вечерва на профилот на „Фемили Аеродром“ се појави фотографија на која економот на МЗТ Скопје држи транспарент до Перо Антиќ на кој стои порака:

„Не биди Перо, навивај за МЗТ“.

ПретходноСевиља славеше после речиси три месеци (видео)
СледноГвардиола до челниците на Челзи: Дајте му време на Потер