Францускиот Олимпик Марсеј ќе ги засили своите редови со украинскиот репрезентативец Руслан Малиновски од Аталанта. Се ќе биде завршено во понеделник кога фудбалерот ќе пристигне во Марсеј на прегледи и на потпис на договорот, пренесува италијанскиот спортски новинар Фабрицио Романо кој е добро упатен во трансферната политика на италијанските клубови.
Тој пишува дека двете страни се договориле за сума од 10 милиони евра, а Аталанта ќе добие уште три милиони во вид на бонуси.
Оваа сезона Малиновски одигра 15 натпревари и постигна 1 гол и 2 асистенции. Се вкупно за Аталанта има 115 натпревари во Серија А и 23 гола. Претходно играше во Генк и Шахтјор Доњецк.
За Украина има 51 настап и седум гола.