Откако Франција беше поразена во финалето на Мундијалот од Аргентина, се очекуваше Дидие Дешамп да не остане селектор на оваа репрезентациј и на негово место да дојде Зинедин Зидан.
Но, работите се промени, Дешамп остана селектор, а Зидан остана без својата омилена работа.
Во меѓу време во една емисија гостуваше првиот човек на фудбалската федерација на Франција, Ноел Ле Грает беше прашан за евентуално преземање на Бразил од страна на Зидан и дека чека покана од својата земја. Неговиот одговор навистина беше жесток.
“Немам што да кажам, нека оди каде сака. Во клуб или во репрезентација, ни малку не ми е гајле. Дали се обиде да ми се јави? Секако дека не, не ни одговараше”, рече тој и го навлече гневот на јавноста.
Прво кој се јави беше најдобриот француски фудбалер Килијан Мбапе. Тој реши да му одговори на претседателот на својот Твитер профил.
Zidane c’est la France, on manque pas de respect à la légende comme ça… 🤦🏽♂️
— Kylian Mbappé (@KMbappe) January 8, 2023
„Зидан е Франција, ние не покажуваме такво непочитување кон нашите легенди“, напиша Мбапе.